Турција бара Македонија, БиХ и Грузија да влезат во НАТО

Македонија уште еднаш доби поддршка од Турција за членство во НАТО, која турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу ја соопшти за време на заедничката прес-конференција со генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, во Анкара.

„Ние сме приврзаници на проширувањето на НАТО и го поддржуваме влегувањето во Алијансата на Босна и Херцеговина, на Грузија и на Македонија“, изјави Чавушоглу во врска со претстојниот самит во јули во Брисел.

Оставете Коментар