Турција ги „повлече“ амбасадорите од САД и Израел

Loading...

По вчерашните судири помеѓу израелската армија  и Палестинци кои протестираа во Појасот Газа против отворањето на американска  во Ерусалим и во кои загинаа 58 лица, Турција ги повика на консултации своите амбасадори од Вашингтон и Тел Авив.

„Бараме вонреден самит на Организацијата за исламска соработка. Бараме и свикување на вонредна седница на Советот за безбедност на ОН“ изјави турскиот претседател Тајип Реџеп Ердоган.

Турција објави тридневна национална жалост во знак на солидарност со „палестинските браќа“.

Денеска се очекуваат нови демонстрации и веројатно и судири во Појасот Газа.