Турција им се закани на САД со воената база Инџирлик

Анкара би можела да ја затвори воената база Инџирлик Инџирлик која е главна логистичка база на западната воена коалиција во овој дел од светот.

Причината е непријателската политика на Вашингтон, најави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

“Се обидуваме да ги подобриме односите со САД. За да се нормализираат САД треба да преземат чекори во Маниџба (град во Сирија пид контрола на Курдите), да го екстрадираат Фетула Ѓулен а има и други проблеми. Кога станува збор на оваа тема нашиот народ вели “затворете ја базата Инџирлик”, а имаме и други адути во рацете. САД не треба да загубат таков сојузник како нас, чекаме да се откажат од своите погрешни лекори, изјавил Чавушоглу за весникот Хабер.