Турција нема да прима назад мигранти од Грција

Одговарајќи на новинарско прашање, турскиот министер за надворешни работи, Мевлет Чавушоглу рече дека Турција го прекинува договорот со Грција за реадмисија на бегалците и мигрантите.

Договорот за реадмисија, потпишан меѓу Анката и Атина во 2001 година, предвидува илегалните мигранти кои преку турска територија ќе влезат во Грција да бидат враќани во Турција.

Ова одекна како „бомба“ во грчките медиуми бидејќи Грција е земја која е прва на удар на мигрантите од Блискиот Исток кои преку нејзина територија се обидуваат да стигнат до Запад.

Со „замрзнување“ на договорот ќе мора илјадниците илегалци и бегалци да ги задржи.

Прекинувањето на договорот е во знак на одмазда за турските ослободените „осуммина“ турски офицери кои Атина одби да ги екстрадира во Турција каде би им се судело за учество во обидот за пуч пред две години.

Според весникот „Хуријет“, Чавушоглу изјави дека постои договор за мигрантите со Европската унија (од март 2016) и се спроведува, но исто така постои и договор за реадмисија со Грција.

„Ние го замрзнавме овој договор“, изјавил Чавушоглу.