Турција се врти кон БРИКС!?

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави соработка на Турција со земјите од групата БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка), пренесоа агенциите.

Ердоган, кој говореше на состанокот со лидерите од БРИКС во Јоханесбур, истакна дека како претседател на Организацијата за исламска соработка (ОИС) неговата земја во Јужна Африка ги претставува и другите исламски земји.

„Се надевам дека нашата соработка со БРИКС ќе се развива“, рече тој.

Преживуваме тешки времиња, гледаме војни, терористички аккции, финансиски кризи и природни катастрофи. Постојниот глобален поредок ги гарантира интересите на само неколку среќни земји и заборава на мнозинството, рече турскиот лидер, пренесе БТА.

Според него, неопходно е да се промени системот, имајќи ги предвид новите услови за живеење. „Инаку, нема да излеземе од овој волшебен круг “, рече Ердоган.

Тој, ја спомна и улогата на Турција приемот на бегалците.

„Примивме 4 милиони бегалци, од кои 3,5 милиони од Сирија. Многу развиени западни земји градат огради од бодликава жица околу камповите на бегалците, а ние ги прифаќаме отворено“, рече турскиот претседател.