Твит на денот за горивата: Подзапрете го „животот“, сакам да се симнам

Најновото поскапување на горивата во Македонија предизвика бурни реакции и на социјалната мрежа „Твитер“, од кои се издвојуваат две.

„+2 денари за #бензините! Подзастанете го #животот, сакам да се симнам!“, е твитот на денот на „Злобната (ЕксИлинденска)“.

Второто место е за реакцијата на „Најдосадната“: „Подобро 300 евра плата со старите цени за нафта, отколку 500 евра со новите. #СпиралатаНаРашко @СДСМакедонија @владамк“.