Уапсен „милијардерот“ кој вети дека ќе го исплати долгот на Грција

Грчката полиција денеска го уапси самопрогласениот милијардер Артемис Сорас, кој беше во бегство и осуден во отсуство на 8 години затвор за проневера.

Полицијата го уапсила во куќа во јужното предградие на Атина, и ќе се појави пред јавен обвинител, јавуваат грчки медиуми.

Во 2017 година, Сорас, кој тврдеше дека поседува 600 милијарди долари и вети дека ќе ја спаси Грција од долгот, беше осуден на осум години затвор без условна казна за кривично дело проневера.

Судот во Патрас, неговиот роден град во Пелопонез, ги осудил него и неговата сопруга во отсуство.

SHARE