Уапсен наследникот на Мијалков во УБК

Само еден ден откако беше вчера посочен на судењето за 27 април вечерва по барање на Обвинителството за организиран криминал е уапсен Владимир Атанасовски, поранешниот директор на УБК.

Тој по апсењето е спроведен во Кривичниот суд каде што очекува одлука дали на барање на обвинителката Вилма Русковска ќе му биде одреден притвор.

Апсењето на Атанасовски се случува откако на вчерашното сведочење браќата Стефан и Михаил Младеновски, во својата одбрана за „27 април“, изјавија дека тој е еден од организаторите на упадот во Собранието.

Атанасовски на чело на УБК дојде пред две години откако од функцијата директор си замина Сашо Мијалков.

Иако дел од обвинетите како организатори на 27 април открија  уште неколку лица вечерва е приведен само Атанасовски.

SHARE

1 Коментар

Оставете Коментар