Уапсен Стевче Јакимовски, “го апси началникот со џипот”

Вечерва околу 1.20 е уапсен лидерот на партијата ГРОМ Стевче Јакимовски.

Апсењето се случува откако денеска неговиот дом во населбата Жданец во Скопје го претресла финансиска полиција.

Јакимовски се товари за злоупотреба на службена должност за два случаи во општината Карпош за кои веќе се води судски спор.

Операцијата на МВР за апсење формално ја води началникот на Бирото за јавна безбедноат Лазе Велковски од кого министерот Спасовски денеска побара оставка за скандалот со џипот на МВР со кој се возела ќерка му во Грција.

Совпаѓањето на апсењето на Јакимовски и скандалот со Велковски укажува дека МВР со апсењето сака да ја дефокусира јавноста од сериозниот незаконски случај со началникот на БЈБ.

SHARE

Comments are closed.