Уапсен таткото на режисерот на „Ругање со Христос“, Јани Бојаџи

Утринава во Струмица е уапсен таткото на режисерот на филмот „Ругање со Христос“, Јани Бојаџи, чиј филм беше осуден како говор на омраза од страна на министерот за култура и премиерот Заев, кој најави дека ќе ја блокира поддршката за промоција на филмот.

Таткото на Бојаџи има 75 години.

Вчера Бојаџи обвини дека Владата врши силен притисок врз филмот, кој вечерва ја има македонската премиера.

„Почитувани, да, утринава во домот на моите родители во Струмица е извршен претрес и по неколку часа мојот татко Андони (75) е донесен во Скопје и приведен во полициската станица во Гази Баба. До овој момент со него не разговарал полициски инспектор, обвинител или судија! Ви благодарам за подршката на сите вас кои денес од раните утрински часови бевте со мене и со моето семејство. Да сте живи и здрави. Се гледаме за помалку од час во Кино ‘Милениум’. Татко ми со мислите ќе биде со сите нас“, објави пред малку Бојаџи.

Филмот на Бојаџи освои награда на филмскиот фестивал во Монтреал, по што во Скопје од Министерството за култура беше оценето дека во сцените за 2001 година бил направен говор на омраза против Албанците и членовите на УЧК, кои биле прикажани како терористи.

Веднаш потоа Бојаџи доби закани по животот од членови на УЧК.

 

SHARE

Comments are closed.