Уапсени 13 Албанци за шверц со дрога  

Loading...

Албанската полицијата соопшти дека прекинала меѓународен синџир на трговија со дрога, по апсење на криминална група која шверцувала марихуана, хероин и кокаин во земјите-членки на Европската унија.

Полиција во вчераа објави дека полицајците уапсиле 13 Албанци, а петмина други биле уапсени во Турција и Македонија.

Во соопштението се наведува дека групата е осомничена за трговија со 7 тони марихуана, што полицијата во Грција, Македонија, Италија и Турција ги запленила во текот на последните две години.

Се верува дека криминалниот синџир бил вклучен и во трговијата со хероин од Турција и кокаин од Латинска Америка.