Уапсени 6 лица за обид на атентат врз Мадуро!

Властите на Венецуела уапсија шест лица осомничени дека користеле дронови со по 1 килограм експлозив во обид да го убијат претседателот Николас Мадуро.

Министерот за внатрешни работи, Нестор Раверл, рече дека тоа е терористички напад и дека наскоро ќе следат нови апсења.

Реверол вели дека експлозивот во секој дрон би можел да погоди далечни 50 метри, објави АП.

Експертите за безбедност го неутрализираа едниот дрон кој леташе кон сцената додека Мадуро држеше говор на воена парада, додека друг дрон удри во зграда во близина по што експлодираше.

За време на инцидентот, седум припадници на Националната гарда беа повредени, од кои три потешко.

Лидерите на опозицијата во Венецуела изразија загриженост дека владата на таа земја би можела да го искористи обидот за убиство на Мадура како изговор за борба со оние кои легално се противат на неговата политика.