Убиецот на новинарката Маринова испорачан на Бугарија

Северин Красимиров осомничениот за убиството на телевизиската водителка Викторија Маринова, по барање на бугарските власти попладнево беше екстрадиран од Германија, јави БГНЕС.

Од аеродромот во Софија тој веднаш ќе биде транспортиран во Русе треба да му бидат покренати обвиненија за силување и за убиство на брутален начин.

Додека во Германија, каде побегнал по убиството на 6 октомври, 21-годишниот Красимиров признал дека извршил убиство, но не и дека ја силувал Викторија Маринова.

Северин Красимиров беше уапсен од германската власт на 9 октомври.

Красимиров е обвине по две точки:  Прво, за силување, за што казната е 10 до 20 години затвор. Второ, за извршување убиство на особено суров начинза што е предвидена казна од 15 до 20 години затвор или доживотен затвор – без право на помилување.

SHARE