Убиецот на новинарката Маринова уапсен во Германија!?

Министерот за внатрешни работи на Бугарија, Младен Маринов, соопшти дека доцна синоќа е уапсен Северин Надеждов Красимиров, роден во 1997 година во Русе во врска со убиството на новинарката Викторија Маринова, објави БГНЕС.

Тој има криминално досие од 2007 година за кражба на обоени метали, додаде Маринов. Нема други докази за злосторства што тој ги извршил.

Запленети се материјални докази кои го поврзуваат директно лицето со злосторството. Според ДНК анализите, откриено било присуство на негова ДНК на телото на жртвата.

Тој бил уапсен во Германија и според непотврдени информации, во неговиот дом била пронајдена облека на која имало крв од жртвата.

Осомничениот избегал од Бугарија на 7 октомври и се сокрил со својата мајка и неговиот очув во местото Штад, во близина на Хамбург, Германија. Апсењето било извршено во вторникот вечерта од германската полиција, дознава бугарска НОВА ТВ.

Главниот обвинител Сотир Цацаров објасни дека во оваа фаза не можат да тврдат дека убиството на Викторија Маринова е извршено поради нејзината професионалната активност, но сите верзии се проверуваат.

Покренати се две обвиненија за сомничениот убиец Северин Красимиров. Првото е сза илување, за кое предвиденото казна е од 10 до 20 година затвор.

Второто е за извршување на убиство на особено суров начин за што е предвидена казна затвор од 15 до 20 години затвор или доживотен затвор.

Издадена е европска потерница за апсење и европска наредба за истрага, појасни Цацаров. Претстои барањето за европска наредба за притвор да се изврши во германски суд.

Оставете Коментар