„Убиeниот“ руски новинар во Украина за кој јави цел свет е – жив!

Рускиот новинар Аркадиј Бабченко е жив! Денес тој се појави на прес-конференција во Украина жив и здрав, објавија руските и украинските медиуми.

Синоќа беше објавено дека тој бил убиен во украинскиот главен град Киев.

„Убиството“ всушност била смислена операција на украинските специјални служби, објави на специјален брифинг шефот на Службата за безбедност на Украина (СБУ) Василиј Грицак.

Според него, службата располагала со податоци дека било планирано убиство на новинарот Бабченко од руските специјални служби, а изведувачите требало да бидат двајца украински граѓани.

„Според добиените податоци од СБУ, убиството на рускиот новинар Аркадиј Бабченко било нарачано токму од руските специјални служби“, истакна Грицак.

Украинските служби затоа презеле превентивни мерки за да се спречи заговорот, јави РТ.

„Сакам да му честитам на неговото семејство, на сите нас… ми го честитам на Бабченко третиот роденден“, напиша Грицак на Фејсбук.

„Третиот роденден“  наводно се однесува на еден пост на Бабченко кој наводно пред некоја година избегнал смрт.

По извештаите за убиството на Бабченко украински официјални лица побрзаа да ги обвинат руските разузнавачки служби за организирање на атентатот.

Не беше веднаш јасно дали тие официјални лица го сторија тоа како дел од спектаклот или едноставно ја следеа нивната вообичаена навика да го припишат секој криминал во Украина на Москва, пишува РТ.

1 Коментар

Оставете Коментар