Убијците на Никола можеле да поминат со 6 месеци затвор

Убијците на Никола Саздовски според проценките на МВР можеле за својот крвав пир да поминат само со 6 месечна казна затвор.

Кривичното дело насилство според Кривичниот законик се казнува со минимална казна од 3 месеци или од 6 месеци затвор ако насилството го извршила група како нападот врз Никола.

Според членот 386 од Кривичниот законик максималната казна за убијците на Никола според квалификациите на МВР и ОЈО изнесува 5 години.

1)Тој што друг малтретира, грубо навредува, ја загрозува неговата сигурност или врз него врши грубо насилство и со тоа во јавноста предизвикува чувство на несигурност, загрозување или страв, ќе се казни
со затвор од три месеци до три години.

(2)Ако делото е извршено во група од две или повеќе лица или насилството е извршено над повеќе граѓани или сторителот телесно
повредил друг, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години.

Посебно прашање е кривичната одговорност на службените лица во МВР и Јавното обвинителство кои и покрај користење на нож од напаѓачите инцидентот го оквалификувале како насилство а не како обид за убиство.

Оставете Коментар