Ученик иноватор откри бесмислени трошоци на град Скопје и Шилегов

Користење на дронови во битката против загадување на воздухот, е мини студијата на ученикот иноватор и ИТ вљубеник Матеј Плавевски објавена пред нецели две години на 18 декември 2016 од која се гледа дека набавката на дрон вреден 100 илјади евра од страна на град Скопје е тотално непотребна.

Матеј Плавевски во времето кога ја напишал студијата бил ученик во осмо одделение во училиштето Јахја Кемал. Неговиот пост оригинално е објавен на Medium, а преведен и реобјавен на IT.mk со дозвола од авторот.

Во мини студијата се открива дека во битката против загадувањето со помош на дрон град Скопје може да помине со сто пати пониски трошоци и тоа во 2016 година.

Сега проектот на Плавевски чини 200 пати помалку од сумата што планира да ја потрошат Шилегов и град Скопје според јавната набавка што ви ја прикажуваме подолу а која е тешка речиси 100 илјади евра.

Линк од текстот во кој се гледа дека град Скопје и градоначалникот Шилегов непотребно потрошиле огромни пари а ист ефект можеле да имаат со нешто над 60 илјади денари по цени од пред две години.

Оргиналниот линк до проектот на Плавевски на англиски јазик овде.

Друга анализа објавена на Слободна Европа за набавката на дронот и аерозагадувањето од мр. Новица Наков овде

Кој е Матеј Плавевски младиот иноватор од Скопје кој е добитник и на меѓународни награди од видеото

SHARE

Оставете Коментар