УЧК со закани за режисерот на “Ругање на Христа”

Режисерот на филмот Ругање на Христа Јани Бојаџи објави дека добил закани од страна на УЧК за своето авторско дело.

Во обраќање до јавноста Бојаџи вели дека соопштението на Министерството за култура е вовед во фашизам и цензура.

“Министерството за култура со ова соопштение повикува на насилство и терор врз мене како уметник и насилство и терор врз филмот ,,Ругање со христос,, како уметност!

Ова ,,комунике,, напишано во Недела на 2 ри Септември е вовед во фашизам во Македонија. Министерството за култура ме обвинува замислете за ,,идеолошка малверзација,,!

Со такви обвинувања за ,,идеолошка застранетост,, во 1936 година Хитлер го започнал прогонот врз модерната уметност во Германија, Сталин големите чистики, а во 1949 година со таа реченица луѓе биле праќани на Голи Оток!

Ова е Макартизам од најдолен вид! Македонското министерството за култура без око да му трепне јавно објавува дека ќе ,,воведе контрола врз цитирам: темите, идеите и пораките што ги испраќаат овие филмови,,! Ова е директно и недвосмислено ограничување на правото на слободен говор и тоа за уметничко дело кое дури и не е покажано јавно во целост.

Залудно ќе редам фрази затоа што знам дека немате ни срам ни перде, ниту сте пораснати во умот и снагата за да се носите со ситуацијата во која што сте. Не ви е гајле. Ви ја разбирам силата.

Зад министерот и неговиот став очигледно е дека стои неговата партија, премиерот, владата и ,,меѓународната заедница,, кои прават се во мојата земја да завладеат европски вредности и стандради! Среќна европска слобода на уметноста!

Патем, тврдам дека во филмот не се навредени никакви чувства на никој народ затоа што на филм карактерите не се колективни-народи, туку индивидуалци со нивните ставови и постапки!

Ја повикувам и подржувам Агенцијата за филм како независно тело да застане во одбрана на својата независност од политика и да се стави во заштита на филмот, филмаџиите и нивната творечка слобода!

Барам медиумите да застанат во одбрана на нашиот филм ,,Ругањето со Христос,, и правото на слободно изразување на идеи, мисли и ставови.

Ова работа така започна и кај ,,илјадагодишниот рајх,,: прво со уметниците на крајот со Евреите!

И, немојте да пишувате во инбокс закани, па после да ги бришете! Не ви се плашам воопшто! Прашајте се што ве интересира, ќе ви одговрам.

На крајот, цивилизирано е да купите билет, да отидете во кино и да не се согласувате со ништо со тоа што ќе го видите на платното. И се разбира доколку мислите така, јавно да дебатирате за се, без да ми се заканувате со разни УЧК искуства и принципи!

Среќна слобода! Ви посакувам да владеете толку долго колку што ќе биде доволно еден цел живот да се срамите од ова!”, напиша режисерот Бојаџи за заканите добиени за својот филм кој беше прикажан на фестивалот во Монтреал.

1 Коментар

Оставете Коментар