УЈП распродава автомобили, ниви, гаражи, слики

Loading...

Управата за јавни приходи објави оглас за продажба на движен и недвижен имот. Се продаваат автомобили од марките Мерцедес, Фиат, Сеат, Форд и Фолксваген, но на списокот се и  ниви, деловни простории, подземни гаражи, телевизории и уметнички слики.

Електронската аукција е закажана за 27 август, дознава 24 Инфо.

Според УЈП, на наддавањето  може да учествуваат само лица кои успешно ќе се регистрираат и ќе уплатат депозит во висина од 10  од утврдената вредност на она што сакаат да го купат, најдоцна до 17 август.

Оставете Коментар