Укинат возот Белград-Скопје-Солун

И покрај напорите од македонска страна да се премисли Српската железница да не ја укинува оваа линија, возовите од вчера, па до 15 јуни следната нема да сообраќаат на  патничката железничка линија Белград-Скопје-Солун

„Србија воз” уште во јануари годинава ги известиле МЖ Транспорт дека во согласност со грчки „Тренос”, донеле одлука за укинување на линијата поради економска неисплатливост.

„Србија воз” повторно ќе ја воспостави оваа линија од 15 јуни следната година и ќе сообраќа само за време на летната сезона, велат од МЖ.

SHARE