Украдени 3,5 тони чоколади од камион во Петрич

Три и половина тони чоколадни производи биле украдени во ноќта меѓу средата и четвртокот од камион паркиран во село во близина на бугарскиот град Петрич, јави БГНЕС.

Во периодот од 20:20 часот на 28 ноември 2018 година до 7:30 ч. следниот ден, од камион „мерцедес“ со приколка паркиран во селото Марикоштиново, Петрич, биле украдени 3.600 килограми различни чоколадни производи.

SHARE

Оставете Коментар