Украина и Русија пред војна !

Украина воведува воена состојба, а Русија побара итна седница на СБ на ОН, по вчерашниот инцидент во Азовското Море откако руската крајбрежна стража заплени три украински воени бродови

Тројца украински војници беа повредени во инцидентот, соопшти руската Федерална служба за безбедност.

Прес-службата на украинското Министерство за одбрана соопшти дека се зголемени контра-разузнавачките мерки за да се спречат други провокации на територијата на Украина и дестабилизација на ситуацијата во земјат.

Москва, исто така, објави дека е подигната руската авијација а авиони Су-25 патролираат над порскиот премин Керч  од Црното кон Азовското Море каде се случи инцидентот.

Седница на СБ на ОН се очекува да сеодржи во 11 часот.

SHARE

Оставете Коментар