Украл патнички авион за да се самоубие!? (ВИДЕО)

Loading...

29годишен авиомеханичар, најверојатно со самоубиствени намери, украл авион од меѓународниот аеродром во Сиетл, извршил краток, драматичен лет и паднал на еден близок остров.

Локалниот шериф, Пол Пастор, потврди на Твитер дека човекот – за кој се верува дека е вработен во „Хоризонт ерлајнс“ – дејствувал сам кога неовластено полетал од аеродромот без патници.

Веднаш биле испратени борбени Ф15 ловци, но авионот се урнал пред тие да стигнат до него.

Авионот со 76 седишта со турборежа се урна на островот Кетрон, околу 50 километри југозападно од Сиетл.

Не се јасни причините, дали се работи за самоубиство или со оглед на „акробациите“ што ги правел авионот за време на краткиот лет, авиомеханиарот немал доволно знаење да го управува.

Оставете Коментар