Украла ли владата интелектуална сопственост за кампања? (ФОТО)

Фотографија од политичка пропаганда на македонската влада за референдумот е дел од странска книга која се продава на интернет.

Фотографијата е земена од насловна страница на шпанска книга за едукација на деца.

На Фотографијата се гледаат деца како трчаат во поле со жито а пораката е безбедна иднина за нашите деца и Македонија во НАТО.

Доколку владата не добила дозвола за користење на фотографијата ова е казниво и според домашните и според ЕУ законите за заштита на интелектуална сопственост владата односно индиректно граѓаните ќе треба да платат за кражба на авторско дело.