„Умерениот Мета“ под картата на Велика Албанија

Дури и албанскиот претседател Илир Мета кој во Aлбанија важи за умерен политичар не можеше да го скрие својот восхит од мапата на Голема Албанија под која се сликаше за време на одбележувањето на нубилејот 140 години од потпишувањето на Призренската Лига што се одржа во косовскиот град Призрен.

Протоколот на албанскиот претседател најпрвин дозволил Мета да се фотографира под мапа со голема Албанија и истата ја дистрибуирал до дел од албанските медиуми.

На мапата се гледа дека таа опфаќа делови од Македонија, Грција и Црна Гора.

Албанскиот претседател во Призрен во своето обраќање изјавил дека „Призренската лига е сеуште жива“.

Мета за време на претседателските избори во Албанија беше поддржан од партијата на Македонците во оваа земја (Македонска Алијанса за европска интеграција) при што тој најави дека во неговиот кабинет ќе работи и еден Македонец.

Минатата недела Мета беше во посета на Мала Преспа каде што најави дека ќе летува со своето семејство.

Формирањето на Призренската лига ( официјално име: Лига за одбрана на правата на Албанската нација) која Мета го прославил заедно со косовскиот премиер Рамуш Харадинај и други видни Албанци, меѓу другото имала за цел и обединување на сите албански територии во една држава.

Призренска Лига е основана на 10 јуни 1878 год. во Призрен, во Косовскиот вилает во Отоманската Империја.

Чувствувајќи ја заслабената позиција на Османлиската Империја, Лигата започнала програма за спроведување на неколку важни национални цели на Албанците:

Одбрана на земјите населени со Албанци од интересите на Србија, Црна Гора и Грција;
Создавање единствена провинција во Империјата која би се состоела од вилаетите Косово, Манастир, Јанина и Скадар;
Формирање воена служба на територијата на Албанија;
Создавање училишта за развој на националното образование;

Видни фигури кои учествувале во работата на Лигата биле: Сами Фрашери, Пашко Васа, Абдул Фрашери како и 80-тина други делегати меѓу кои имало и племенски старешини и свештеници.

1 Коментар

Comments are closed.