Унгарија забрани населување на „туѓинско население“

Унгарскиот парламент одобри пакет контроверзни закони насочени против невладини организации или поединци кои им помагаат на нерегистрираните мигранти.

Сетот закони ѝ овозможува на владата да уапси или да ја забрани работата на организациите кои им помагаат на мигрантите и претставуваат закана за националната безбедност.

Гласањето на законот познат како „Стоп Сорос“ беше едно од главните ветувања за време на изборната кампања на премиерот Виктор Орбан.

Парламентот, во кој десничарската партија на Орбан, Фидес, има двотретинско мнозинство, исто така, одобри уставен амандман со кој се спречува населување на „туѓинска популација“ во Унгарија.

Кога во 2015 година околу 400.000 луѓе ппоминаа низ Унгарија на пат кон Западна Европа, Орбан нареди нареди изградба на огради за да го запре приливот.

Европската комисија воведе задолжителна квота за прием на азиланти за секоја држава во ЕУ како одговор на кризата, но  Орбан одби да го прифати тоа, потсетува Би-би-си.

Во 2015 година, 177.000 лица побараа азил во Унгарија, но беа прифатени само неколку стотини. Минатата година, бројот на барања за азил спадна на околу 3.200.