Домотор Чаба, државен секретар во Кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан, вели дека нема ништо посебно во бегалскиот статус на поранешниот македонски премиер Никола Груевски, објаснувајќи го тоа со клучната улога на Македонија за време на бегалската криза, кога индиректно ѝ помогна и на Унгарија.

„Постојат слични одлуки во многу земји, примерите се познати“, рече Чаба во вестите на унгарската Хир ТВ.

„Контроверзата со заштитата на границите на Македонија како транзитна рута изби на ист начин како со Унгарија“, забележа тој, додавајќи дека балканската земја беше првиот сојузник на Унгарија во заштитата на своите граници од илегалните имигранти. „Македонија индиректно ги бранеше унгарските граници, со што се намали миграцискиот притисок“.

Чаба констатира дека е интересен феноменот што истите актери се вклучени и сега со Груевски, обидувајќи се да го надуваат случајот, а кои претходно го оспоруваа начинот на кој Унгарија и други земји си ги штитат границите. Тоа, според него, покажува зошто откога Груевски зборуваше против илегалната миграција наскоро се соочи со странски групи активисти што организираа доста агресивни протести.

 

SHARE

Оставете Коментар