Упатство за употреба: Како да препознаете “спинери аматери” регрутирани за кампањата

Лесно ќе ги препознаете во дебатите на социјалните мрежи.

Може да ви се пријатели или пријатели на ваши пријатели.

Ги бранат владините политики дури и кога тоа не им оди лесно поради безбројните скандали на владата.

Ако останат без аргументи за Преспанскиот Договор, се враќаат на ВМРО-ДПМНЕ и создаваат слика дека опозицијата е виновна за се, дури и за владините пари за фирмата на снаата на Цветанка Ласкова формирана пред три месеци.

Најсилен ,,Аргумент” им е дека сте вмровец, дека Путин ви е идол и дека сте против Македонија.

Главниот метод е да го свртат , спинуваат муабетот во неважен правец, само да не се зборува за катастрофалната реалност. За таа цел тука се Груевски, Мијалков, Чавков и многу други кои се нудат како одговор на секоја критика за владата во врска со догогорот со Грција или други скандали.

Се најмуваат со пари од невладини организации кои добија пари од државниот буџет.

Формално можат да бидат заведени како експерти за хортикултура но нема да земат пари за тоа туку за да ве убедат дека владата е најдобра и дека неуспешен референдум е крај за Македонија.

Некои ги викаат oppinion makers, инфлуенсери, некои пак наемници или квислинзи. Некои веќе добиле ветувања за високи државни позиции. Други допрва мислат дека ќе добијат ако опстане владата.

Ги вежбаат странците кои веќе ги ставија на листата како дел од референдумските орудија.

Имињата и презимињата нема да се објават но вие точно ќе знаете кој е платен за да ве убедува а кој искрено мисли дека референдумот треба да помине.

Најдобро е да ги игнорирате и да им кажете дека знаете што прават. Нека им се алал парите но нема потреба да се мачат, срамат и патат.

Јасно се наведени во плановите на меѓународните експерти.

1 Коментар

Comments are closed.