Уредник во Телма објави избори за 45 дена

Новинарот и уредник во ТВ Телма Боби Христов вечерва објави дека за 45 дена Македонија оди на нови предвремени парламентарни избори.

Водителот на Топ Тема и вестите на Телма не открива од каде му се информациите за брзите избори што треба да се случат до крајот на ноември.

Владеачката коалиција денеска не објавува ништо за изборите.

Христов подоцна објави дека се работи за негова лична проценка, затоа што смера дека нема шанси да се стигне до 2/3 за уставни промени.

И одговори и на другите прашања кои дел ФБ пријатели му ги поставуваат – што потоа:

1. Дали Собранието може веднаш да се самораспушти:

– Да. Според Уставот и Деловникот, хипотетички ако седницата во понеделник пропадне, мнозинството може веднаш без одлагање да свика нова седница за самораспуштање.
Тогаш изборите се одржуваат во рок од најмногу 60 дена или најрано за 45 дена од денот на распуштање на Собранието.
Но тоа претпоставува дека премиерот Заев би го прекршил ветувањето дека и во скратени рокови ќе има “пржинска влада“

2. Што доколку ПВРМ Заев остане на ветувањето „пржинска влада во скратени рокови“ !?

– Во таква ситуација самораспуштање на Собранието не може да има веднаш (туку најмалку за 10 дена од моментот на оставка на Владата): затоа што ПВРМ и двајцата министри како и замениците министри кои се дел од пакетот за „пржинска влада“, треба да дадат оставка.
Потоа лицето кое ја извршува функцијата претседател на РМ, има рок од десет дена да го дде мандтот на техничкиот премиер што ќе го предложи СДСМ. Потоа тој има 20 дена да ја предложи Владата ( претпоставка е дека не би искористил ниту еден ден, туку ќе го стори во истиот), а потоа претседателот на Собранието е должен во рок од 15 дена да свика седница за избор на нова влада ( и тука е претпоставка дека нема да се чека ниту ден, а не пак максималните). Има уште еден рок, а тоа е дека расправата за новата влада трае најмногу два дена. Или, максималните рокови од оставка на Владата до избор на нова се максимим – 50 дена. Практично може се да се завршат за ден- два.

Е оваа варијанта носи неколку компликации.

Прво, ВМРО-ДПМНЕ може да не се согласи на пржинска влада во скратени рокови и да не предложи министри. ( А , извесно е дека нема да добие 100 дена). А Владата ( внимавајте !!!) е веќе во оставка !

Второ, и тоа е поголем проблем, е што лицето што ја извршува функцијата претседател на РМ, Ѓорѓе Иванов може да реши да не го даде мандатот, бидејќи техничкиот премиер не би имал 100 дена како што е според Закон за Влада, без оглед што Уставот е посилен од Законот.
Иванов ова може да го каже првиот ден. А може да чека и 10 дена, па да му се обрати на народот во негов стил со одбивање да го даде мандатот. И тоа сигурно ќе го стори , ако Мицковски инситира на 100 дена. Ако Мицковски се согласи и на техничка влада во „скратени рокови“, може и ќе го даде мандатот.

Оттука, уште неколку дилеми:

1. Ако Иванов не го даде мандатот?
Е, во таков случај нема „пржинска влада“ !!! Но Собранието по истекот на 10-те дена рок за одлука на Иванов, може пак да се самораспушти и да има избори за 45 дена.

2. Дали ВМРО-ДПМНЕ би бојкотирал избори без пржинска влада за 45 дена (оти сигурно е дека 100 дена нема да добие) ?
– Можно е !!!

3. Дали со Влада во оставка (а штом премиерот даде оставка, пада Влада ) и без пржинска влада, се можни избори?

– Да. Изборите ги спроведува ДИК.
Од друга страна, Владата на која и престанал мандатот според Уставот “останува на должност до изборот на нова Влада“.

И што по нови избори, кога „факторот“ Иванов може повторно да се инаети за доделување на мандат, под претпоставка СДСМ повторно да формира Влада, а тоа е реално можно со оглед што ВМРО-ДПМНЕ изгуби секаков капацитет за коалицирање со Албанските партии ? Како тогаш ќе се процесуираат уставните измени?

– Процесуирањето на уставните измени нема врска со формирањето на новата Влада, туку само и единствено со конституирањето на новиот парламент. Но тоа претпоставува дека СДСМ и партнерите кои го поддржаа договорот со Грција на нови избори би стигнале до мнозинство од 2/3 или 80 пратеници. Ако не стигнат – „све је исто ко и лани“. Или џабе избори. Ако стигнат до 2/3 . Ее тогаш Иванов може и стој на раце да прави и да не дава мандат а Собранието да си го смени Уставот!!!

РИЗИК, и тоа голем!!!

Но, еве ме уверуваат да почекам до понеделник. Ајде да почекаме.

п.с. 1 има многу други дилеми околу легитимноста на избори без 100 дена пржинска влада, со евентуален бојкот на опозицијата, без нов состав на Антикорупциска… Не ги потценувам , само се задржав на формалните рокови.

п.с. 2 знам оти ќе почнат многу умни глави да препишуваат, па да не се мачат многу: се е во член 95 од Уставот, како и членовите 110, 111, 112 и 113 од Деловникот на Собранието.

1 Коментар

Оставете Коментар