Уште еден принц во британското кралско семејство

Војвотката од Кембриџ, сопруга на британскиот принц Вилијам, претпладнево роди син.

Ова е трето дете во семејството на Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон.

Принцот Вилијам присуствувал на раѓањето на неговиот син кој ќе биде петти наследник на британскиот кралски престол.