Десет студенти од Универзитетот на југоисточна Европа во Тетово бесправно ја искористиле одредбата од Законот за високо образование со која се нуди бесплатно патување за најдобрите студентите од првите три најдобро рангирани универзитети во Република Македонија, обелоденуваат активисти на Твитер.
„Кога сме кај скандалите на МОН, во текот на 2017 година бесплатно патување остварија дури 10 студенти на ЈИЕУ – Тетово (од вкупно 21 студент), иако критериум беше да се студенти на еден од првите ТРИ најдобро рангирани универзитети во РМ, а ЈИЕУ е четврти на ранг листата!“, се вели во твитот.
Од тие 21 студент кои поминале на јавниот повик на МОН, покрај десетмината од УЈИЕ, уште десет се од УКИМ во Скопје и еден е од УГД од Штип.
Од треторангираниот универзитет во земјава, „Свети Павле“ во Охрид, чии студенти со просек над 9,5 имале законско право да ја искористат наградата, нема ниту еден студент.