Уште еден влијателен пратеник му изразил поддршка на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

Екс спикерот на Собранието Трајко Вељановски изрази јавна поддршка на лидерот на опозицијата и најголемата македонска партија Христијан Мицкоски.

,,Во овие тешки моменти за Република Македонија, потребна е подршка на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски, тој ја има мојата подршка а уверен сум и од членството”, вели во пораката Вељановски кој во изминатиот период не важеше за близок на претседателот на партијата.

Предходно expres.mk објави дека поддршка за Мицкоски изразил и Антонио Милошоски.

Додека СДСМ и ДУИ му предвидуваат пуч, Мицкоски добива важна поддршка

Јавната поддршка од двајцата влијателни пратеници на ВМРО-ДПМНЕ за Мицкоски доаѓа по координираните дезинформации на СДСМ и ДУИ според кои Мицкоски се соочува со внатрепартиски тензии и обид за негова смена.

SHARE