Уставниот ја отфрли иницијативата за стопирање на референдумот

Со 7 гласови „против“ и 2 „за“, Уставниот суд одлучи дека нема уставни пречки во постапката за разпишување на референдумот за 30 септември.

За отфралење на иницијативата гласаа седум уставни судии, а „за“ беа Елена Гошева и Јосиф Јосифовски.

Судијката известил во Уставниот суд, Елена Гошева побара поведување постапка и времени мерки. Гошева ова го аргументирала со тоа дека референдумското прашање е двосмислено, нејасно, содржи 8 можни одговори, дека МНР Никола Димитров немал право да склучи ваков договорот со Грција, бидејќи како што рече, тој е ништовен и не е влезен во правниот поредок.

Судијата Дарко Костадиновски пак рече дека одлуката на Собранието за одржување на референдумот, имала недостатоци, но тоа не ја прави неуставна, пренесе „Телма“.

Судијата Сали Мурати направи споредба со референдумот од ’91 кога истo така, како што рече, имало повеќе прашања во едно и за него не треба да се проблематизира од уставен аспект.

Уставните судии латко Стојановски, Осман Кадриу, Вангелина Маркудова, Насер Ајдари и Сали Мурати се изјасниле дека не се за поведување иницијатива, сметајќи дека не се прекршени законот и уставот за референдум