Близу 100 изработувачи на ракотворби од сите краишта на Македонија утре ќе ги претстават своите креации и идеи за уникатни новогодишни подароци на Новогодишниот базар, што ќе се одржи во скопскиот хотел „Континентал“.

Најголемиот Новогодишен базар на ракотворби утре во 11 часот по втор пат ќе ги отвори своите врати за вештите и креативни ракотворци кои ќе имаат можност да ги понудат своите изработки и ќе им овозможат на посетителите незаборавно предновогодишно искуство.

Новогодишниот базар е во организација на Creative Macednia заедно со Cestitka, кои вложија напори и оваа година на посетителите да им понудат разновидна програма за сите генерации. Проекција на цртани, филмови, музички бендови, магионичарско шоу, подароци, честитки и насмевки…

Предвидена е и пригодна програма:
12:00- Магично шоу
13:00- Arthur Christmas’-цртан филм
15:00- Настап на Школата за гитара Бојковски
17:00- Детска претстава- Дедо Мраз кај Црвенкапа
18:00- Школски бенд на СУГС Раде Јовчевски- Корчагин
19:00- Рецитал на англиски и француски јазик

SHARE

Оставете Коментар