Loading...

Од спортскиот аеродром Стенковец утринава полетаа безвучните авиони во третата мисија за прскање против комарците во Скопје.

Бројни граѓани присуствуваа на полетувањето закажано за пет часот на воздухопловите кои патем требаше да снимат и видео прилог за запрашаувањето против наездата, откако вчера по грешка од Градот лиферуваа снимка од запрашување извршена на 8 јули.

Градссите власти се извинија за грешката и најавија дека Скопјани денес конечно ќе добијат доказ дека навистина се прска против комарци.

Во исчекување на „филмот“ од Град Скопје, на ФБ беше споделено од утринското полетување на авионите кои и не беа толку беззвучни.

Оставете Коментар