В година ќе се гради заеднички граничен премин Табановце-Прешево

Македонија и Србија во 2019 година ќе почнат со изградба на заеднички граничен премин Табановце-Прешево е договорено на денешната средба на вицепремиерот Кочо Анѓушев и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески со потпретседателката на српската Влада и министерка за градежништво Зорана Михајловиќ во Белград.

На состанокот е договорено да се забрзаат подготовките за изградбата на заеднички премин што ќе овозможи сите гранични и царински процедури да се извршуваат само на една железничка станица (Табановце), со што ќе се скрати времето за задржување на товарните и на патничките возови.

„Се договоривме да го забрзаме овој проект, кој го поддржува и ЕУ, и да почнеме што побргу, ако е можно веќе во 2019 година, да градиме заеднички граничен премин, со оглед на тоа дека веќе се завршува комплетната проектно-техничка документација“, изјави Михајловиќ.

Таа му се заблагодари на Анѓушев за македонската поддршка во воведувањето електронски градежни дозволи во Србија, сегмент во кој северниот сосед е десетти на листата на „Дуинг бизнис“ на Светска банка. Михајловиќ најави дека Србија ќе воведе и Катастар по примерот на Македонија.

Оценувајќи дека заедничкиот граничен премин е од интерес на двете земји и народи, Анѓушев ја пофали оперативноста на Михајловиќ, истакнувајќи дека таа „секогаш прашува кога ќе почнат работите на проектот, а не кога ќе почнеме да разговараме за проектот“.