„Можеш да живееш во земја која се вика Македонија, а да те идентификуваат со племе, луѓето да живеат крајно недостоинствено и да се проколнуваат меѓусебно. Можеш, од друга страна, да живееш во земја која се вика Северна Македонија, но да живееш во достоинствени услови и да се идентификуваш со луѓе што се чесни, вредни и цивилизирани“ пишува новинарката Ида Протуѓер Вељковиќ.

Во нејзината колумна за „Фокус“ насловена „Да се биде племе Македонци или цивилизирани Северномакедонци!“ Протуѓер се обидува да одговори на прашањата која е разликата помеѓу предавник и патриот во контекст на „големата врева по потпишувањето на Договорот со Грција, главно исполнета со пцости, етикетирања, па дури и клетви“, што е морал а што етика, што е идентитет и што е тоа што Македонија ќе го добие по промена на името од ЕУ и НАТО „зашто досега не сме покажале за 27 години дека можеме“ сами.

И за да појасни зема, како што вели, еден „ирационален пример“:

„Ако една група луѓе седи затворена во пештера и има голема карпа на влезот која не успале да ја тргнат за да излезат, можеле да одржуваат хигиена во пештерата 27 години, ама не го сториле тоа и се појавуваат болести, луѓето умираат.

Е сега се појавува можност на кратко да добие водачот стап со кој ќе може да ја тргне карпата, ама услов е сите да ги исечат брадите, а тие им се дел од идентитетот, откако паметат за себе имаат бради.

Некој ќе рече јас сакам овде да умрам, ама брадата не ја сечам. Друг ќе рече, тоа е мала жртва за повисока цел и ја сече иако изгледот му се менува.

Водачот пресекува во корист на излезот.

Дарко Митревски надвор од пештерата, легнат на плажа да речеме, со цевка пие коктел и вика не ја сечете брадата, таа ви е идентитетот…“

Целата колумна на следниот линк.

SHARE

Comments are closed.