Вандализиран споменикот на Александар Велики (ФОТО)

Непознати вандали ставиле натпис „касап“ на споменикот на Александар Македонски во Солун, дознава expres.mk од грчки полициски кругови.

Натписот на грчки јазик, направен од букви од непознат материјал, бил залепен под името на македонскиот крал на споменикот.

Инцидентот се случил при засилени мерки за безбедност во градот, поради доаѓањето на грчкиот премиер Алексис Ципрас, кој вчера го отвори Меѓународниот саем во Солун.

Веднаш по откривањето на инцидентот солунските општински власти го одстраниле допишаното.

Пред неколку години во интервју за преговарачот за името Метју Нимиц предизвика гнев во грчката јавност откако го употреби зборот касап за Александар Велики.

Оставете Коментар