Професорката Билјана Ванковска ја анализира реториката на екс министерот за надворешни и внатрешни работи и кандидат за претседател кој загуби убедливо од Иванов во 2009 година.

Ванковска ги споредува ставовите на Фрчкоски и брифинзите на грчките владини извори.

„Самиот опсег, односно ерга омнес, не е проблем, туку проблемот е во спроведувањето“ – објаснуваат грчки извори (од сајтот на МКД). Чудно, како видовиотиот Фрчкоски синоќа ја употреби буквално истата фраза! Па после (само) Милошоски имал врски во грчкиот кабинет!”, пишува Ванковска.

За разлика од неа професорот Апасиев е помалку рафиниран.

“И Фрчко пролупал, a?”, пишува Апасиев кој во средата во емисијата “60 минути со Горан Момироски” на ТВ Алфа откри дека за Фрчковски во 2008 година максимален компромис за името била таканаречената двојна формула.

Comments are closed.