Ванковска: Преамбула од пластелин

„Конструкцијата на минатото во преамбулите е нужно селективно и со јасна цел: најсилна можна легитимација, утврдување на правото на постоење на државата.

Во нашиов случај, преамбулата е од пластелин, кој како ќе притисне така ќе остави свој отпечаток, ама не и носителот на власта! Уставите имаат мемориска функција, поредокот се закотвува во историјата за да ја легитимира современоста како одговор или последица на тоа минато“ пишува професорката Билјана Ванковска во нејзината денешна колумна за „Нова Македонија“.

„Кај нас доброволно се вади мемориската картичка и им се дава на хакери. Една од важните дилеми на секој устав е односот меѓу минатото и (отворањето на портите за) иднината; затоа уставите се највисоки правни акти, ама и најважни политички повелби. Сегашната политичка волја вградена во Уставот не смее да се петрифицира како да е од бога дадена, бидејќи идните генерации заслужуваат слобода да ја моделираат својата уставна архитектура во согласност со нивните потреби – ама не и на ирационалните каприци на комшиите.

(…)

Преамбулите алудираат на државен континуитет и затоа е невообичаено да се менуваат со амандмани и под притисок однадвор! Ова би била втора измена на преамбулата (првата промена настана по конфликтот од 2001-та). Амандманот е намерно „скоцкан“ и заплеткан (божем обично техничко прашање!) за граѓаните да не можат ја видат целосната верзија и орвеловската судбина на АСНОМ. Така, преамбулата од 1991 се повика на „историските одлуки на АСНОМ“, но во 2001 година зборот „историски“ се избриша како непристоен. Сега, практично, се брише и зборот „одлуки“. Се реферира на прогласот, кој (историчарите ќе потврдат) е еден вид каталог, спецификација на одлуките на АСНОМ (но, кои не смеат ни да се споменат, иако се со уставноправно значење).

Ако се потрудите за себе да го напишете новиот текст на преамбулата интегрално, излегува дека сме „свесни и благодарни на своите предци за жртвите и посветеноста во нивните заложби и борба за создавање самостојна и суверена држава Северна Македонија“.

Ова е повеќе од иронија, бидејќи е срамен историски фалсификат“.

SHARE

3 Коментари

    • Со 20-тина држави сеуште немаме воспоставено дипломатските односи! Ако и со нив воспоставиме, цифра на признанија ке се зголеми од 140 на 160 земји во ООН што не признаваат под уставното име Република Македонија!

  1. МАКЕДОНИЈА МОЖЕ И ДА ТУЖИ ООН ПРЕД МЕЃУНАРОДНИОТ СУД ВО ХАГ ЗА КРШЕЊЕ ЧЛЕН 83 ОД КОНВЕНЦИЈАТА ЗА ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА ДРЖАВИ ВО НИВНИТЕ ОДНОСИ СО МЕЃУНАРОДНИТЕТ ОРГАНИЗАЦИИ ОД УНИВЕРЗАЛЕН КАРАТЕР.
    ИМЕНО ВРЗ ОСНОВА ДА Е ООН СТРАНА ШТО ГО РАТИФИКУВА ОВОЈ ДОГОВОР И ПРАВНО ЛИЦЕ, КАКО И РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, А СО ОБВРСКА ДА НЕ ВРШИ ДИСКРИМИНУРАЊЕ ВО ЧЛЕНСТВОТО, ООН КРШИ ОВАА КОНВЕНЦИЈА ОД ФАКТОТ ШТО И САМАТА ПОВЕЛБА НА ООН Е ПРАВЕН ДОГОВОР, ВО КОЈ ООН И МАКЕДОНИЈА СЕ РАМНОПРАВНИ ДОГОВРНИ РАМНОПРАВНИ СТРАНИ ДОГВОРНИЧКИ.

    СЕ РАБОТИ ЗА ОДНОС МЕЃУ ДВА МЕЃУНАРОДНО ПРАВНА ЛИЦА: ООН И РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.

    СО ДИСКРИМИНАЦИЈА ВО ОДНОС НА ПРАВНИОТ ИДЕНТИТЕТ, КАКО ЕЛЕМЕНТОТ ОД СУБЈЕКТИВИТЕТОТ, ООН ЈА КРШИ КОНВЕНЦИЈАТА.

    ВИДИ ЧЛЕН 83. од: Vienna Convention on the Representation of States in their Relations with International Organizations of a Universal Character 1975:
    „In the application of the provisions of the present Convention no discrimination shall be made as between States.”

    Види и член 105 од Повлебата на ООН и Советодавното мислње на Маѓународниот суд од 1949. каде се утврдува дека ООН е меѓинародно правно лице, кое може да се тужи како правно одговорен субјект.

    Види и ООН Convention on the Privileges and Immunities of the United Nations of 1946.

    МАКЕДОНИЈА МОЖЕ И ДА ТУЖИ ООН!!!

Оставете Коментар