Ванковска: Распнување на Бојаџи за дисциплина на кичмата

„Круцификацијата на Бојаџи е за да обезбеди дисциплина на кичмата додека насилно се спроведува нов циклус на градење нација со (само)асимилација и самоцензура. Но дека овде станува збор за авторитарна матрица, а не за инцидент, покажуваат уште неколку примери од последната година. (Ќе треба да го изгледаме одново „Среќна нова 1949“ – додека не го забраниле!), пишува професорката Биљана Ванковска во колумна насловена „Ругање со слободата“ во „Нова Македонија“.

„Трето полувреме“ е во бункер (на МТВ и во меѓународната културна размена) откако бугарската министерка за надворешни работи тоа го постави како услов за добрососедски односи по потпишувањето на договорот, и тоа експлицитно во интервју за наш медиум. Забраната не е тајна ниту во филмската редакција на МТВ: кажано им е овој филм повеќе да не го пуштаат“ пишува Ванковска.

Таа потсетува дека јавна хајка имаше и против филмот „Кога денот немаше име“, инспириран од егзекуцијата кај Смилковско Езеро. „Поругата одеше до таму што сестрите Лабина и Теона Митевски беа нарекувани „рифеншталки“ (според Лени фон Рифенштал, режимската режисерка на Третиот рајх) затоа што се дрзнале снимат филм инспириран од кривично дело, што можело да ја вознемири албанската публика!

Забраната на „Ругањето на Исус“ е досега најеклатантниот пример на цензура“.

SHARE

Comments are closed.