Професорката Билјана Ванковска во својата денешна колумна за „Нова Македонија“ пишува дека референдумот е, се најважната алатка на непосредната демократија, но само кога е во рамките на устав и закон.

Според Ванковска, референдумот е распишан спротивно на одредбите на Уставот,  уставот не познава консултативен референдум, а Македонија не стои пред портите на НАТО и ЕУ за да гласа за тоа дали е за влез во овие сојузи.

„Да не се лажеме, македонските граѓани само навидум се соочуваат со најважното прашање за кое треба да одлучат по 1991 година. Велам навидум, затоа што овој пат од нив ништо не зависи, освен легитимитетот на власта, која им поттура кукавичко јајце. Пред самите да ја донесат одлуката (која им ја ветиле на надворешните моќници), и без оглед на исходот на референдумот, тие сакаат соучесници во злосторството. Во нивната чудна „логика“, и сега и во историјата, тие нема да бидат виновни за националното самоукинување, туку граѓаните што ги поддржале на референдум.

Ова што сега им се нуди на граѓаните е прашање со какво што ниту една друга нација во светот не била и не може да биде соочена; бидејќи, таму каде што се почитува народниот суверенитет и таму каде што власта извира од граѓаните, ваква политичка замка би била непоимлива. Референдумот е правно, а сега веќе и политичко мртвороденче.

Тој е распишан спротивно на одредбите на Уставот и законот, до Уставниот суд се поднесени три претставки – а тој молчи како риба“! пишува професоркта Ванковска во редовната колумна за весникот „Нова Македонија“.

Оставете Коментар