Ванковска: Сега Воинот е о.к. зашто ќе се вика Аце Мегалос?

Трагикомична е „легализацијата“ на Воинот на коњ, кој нели, беше оличение на криминалот на режимот – сега со едно пусулче, оп, ќе си остане таму за навека како знак на грчката цивилизација, објави денеска на својот Фејсбук профил професорката Бољана Ванковска.

„Кога ќе се сетам само на тоа како пролеваа црвена боја за да прикажат како режимот крвта ни ја цицал и слични симболики! И сега ќе не’ убедуваат тие истите дека тази Воин е Ок, затоа што сега ќе се вика Аце Мегалос 🙂
Не, не, ова нормален човек не може да го сфати“!, пишува професорката.

Договорот Ципрас-Заев во еден дел предвидува на некои од спомениците од проектот „Скопје 2014“ да им се постави табла со која ќе се означи дека се дел од хеленската култура.

SHARE

Comments are closed.