Ванковска VS Шкариќ – По 10 години еден ја свиткал кичмата (ФОТО)

Професорите Билјана Ванковска и Светомир Шкариќ пред десет години учествувале на трибина за името.

Тогаш и двајцата со слични ставови за опасностите од менувањето на македонскиот идентитет доколку името добие придавка на уставното именување.

Но по 10 години професорите со различни ставови.

Ванковска најпрвин иницираше проглас за прекин на преговорите, деновиве како дел од инцијаторите на групата “200 интелектуалци” објавува апел против промена на името и договорот со Грција а беше полесно повредена на протестите пред Собранието.

За разлика од неа за професорот Шкариќ договорот е идеален иако тој е спротивен на сите негови предходни ставови за името. Не само на тие од пред десет години туку и на тие од пред два месеци.

Цитатите објавени овде се дел од книгата “Спорот за името” каде што токму Шкариќ е еден од уредниците.

Од нив најдобро се гледа за какви разлики во ставови се работи кај професорот по уставно право кој во академската заедница вообичаено важи за принципиелен човек и научник.

Сега неговите колеги се прашуваат зошто Шкариќ одеднаш оди против своите принципи и јавно искажани ставови поврзани со името и идентитетот.

SHARE

Comments are closed.