Професорката Билјана Ванковска со директна порака до креаторите од македонска страна на евентуалниот договор со Грција за прашањето за разликата со Македонија.

„Без оглед што ќе потпишат денес или утре, мојата порака е: НЕ ВО МОЕ ИМЕ! Што и да потпишат денес, нема ни уставна, ни историска, ни морална вредност за мнозинството граѓани, за сите наши предци и за сите наши потомци! Ова е политичка лакрдија, кршење рбет, уцена од најдолен вид, потег рамен на велепредавство без никаква полза за иднината на овој народ! Нека ми се мавнат сите ‘утилитаристи’ кои ќе бараат корист од продавањето на сè што ни е свето – утилитаризмот е ново име за филозофијата на продадени души. Сме ги имале во секоја епоха од историјата, ги имаме и денес, ги има и на власт и во опозиција – ама тие немаат право да зборуваат во НАШЕ име! Јас да си кажам пред да почне ‘обработката’ и демонизацијата на сите што нема да ја прифатат капитулацијата во име на НАТО и на ЕУ!“, порача Ванковска преку својот профил на „Фејсбук“.

 

SHARE

Comments are closed.