Loading...

Тешка бламажа пред своите навивачи доживеаја фудбалерите на Вардар, кои загубија и во реваншот со Пјуник во Скопје со 2:0, што заедно со поразот од 1:0 во првиот меч во Ерменија значи и елиминација на ланскиот учесник во групната фаза од Лига Европа уште на стартот во ова натпреварување сезонава.

Двоен стрелец за гостите беше Бакар Балде од Гвинеја Бисао во 85. и во 89. минута.

Вардар е втората македонска жртва на Пјуник, кој ја исфрли и Победа во квалификациите за Лигата на шампионите во сезоната 2004/2005, по што УЕФА го казни прилепскиот клуб со осумгодишна забрана за настап поради лажирање.

(Фото: ФК Вардар)