Вартоломеј и Јеронимос разговарале за МПЦ!?

Loading...

Вселенскиот патријарх Вартоломеј разговарал со поглаварот на Грчката православна црква, архиепископот Јеронимос прашањето за статусот на МПЦ – Охридска архиепископија за време на посетата на Атина.

Двајцата разговарале за црковното прашање, се вели во кусото соопштение.

Разговорот меѓу патријарх Вартоломеј и поглаварот на ГПЦ архиепископот Јеронимос доаѓа само неколку дена откако Вселенската патријаршија ја презеде одговорноста за решавање на канонскиот статус на МПЦ.

Вартоломеј денеска се сретна и со грчкиот претседател Прокопис Павлопулос и со премиерот Алексис Ципрас.

 

 

Црковниот аспект на проблемот меѓу Македонија и Грција, беше една од темите за кои разговараа грчкиот премиер и Вселенскиот патријарх на нивната 80-минутна средба во премиерската палата, јави дописничката на МИА од Атина.

Алексис Ципрас ги поздрави напорите на Вселенската патријаршија за надминување на проблемот, додека пак Вартоломеј рече дека работат на сеправославна обединетост и соработка.

„Би сакал да ги поздравам вашите обиди за позитивно решавање на црковниот аспект на разликите што ги имаме со поранешната југословенска Република Македонија. Верувам дека гледате, и ние се обидуваме да ги решиме разликите што постојат веќе многу години и попречуваат две соседни земји да имаат една нормална соработка и заеднички тек“ изјавил грчкиот премиер.