Вартоломеј ја призна Украинската православна црква, доаѓа ли МПЦ на ред

Партријархот на веселенската цариградска патријаршија Вартоломеј одлучил да ја признае независноста на Украинската православна црква со што отвори фронт за конфликт со Руската православна црква која што имаше црковна јурисдикција врз Киев.

„Состанокот на Синодот со кој претседава патријархот Вартоломеј, кој се смета за лидер на светската православна заедница, или ,,прв меѓу еднаквите” на православните свештеници, одлучи да продолжи со доделувањето автокефалност на Црквата на Украина“, се вели во соопштението на Патријаршијата со седиште во Истанбул.

Украинскиот претседател Петро Порошенко ја поздрави одлуката на Вселенска Патријаршија да ја признае независноста на Украинската православна црква и покрај протестите од Русија.

„Одлуката за доделување автокефалност на Украинската православна црква е направена. Ова е победа на доброто над злото, светло над темнината. Украина го чека овој „историски настан“ повеќе од 330 години“, рече Порошенко во телевизиско обраќање пренесува макфакс.мк.

Во меѓувреме, Руската православна црква ја повтори својата закана да ги прекине врските со Вартоломеј ако даде автономија на Украинската православна црква.

Портпаролот на патријархот Кирил вели дека Руската православна црква ,,ќе мора да ги прекине односите со Константинопол” по одлуката.

Украинската црква веќе стотици години е врзана за Московската Патријаршија, но Киевската Патријаршија се отцепи од Москва во 1992 година по падот на Советскиот Сојуз.

Доколку се реши спорот со Киев еден од поголемите проблеми во православието ќе остане канонизирањето на МПЦ – ОА која што според неофицијални извори е подготвена да го замени своето цело име МПЦ-ОА само со Охридска Архиепископија ако и биде дозволено фирмално да стане дел од православниот свет.

Оставете Коментар