Вартоломеј на средба со Павлопулос и со Ципрас

Loading...

Вселенскиот патријарх кој се наоѓа во посета на Грција каде учествува на еколошки симпозиум, попладнево ќе сретне со грчкиот претседател Прокопис Павлопулос и со премиерот Алексис Ципрас, јави МИА.

Средбите со грчкиот државен врв доаѓаат само неколку дена откако од Вселенската патријаршија соопштија дека „во рамките на надлежностите и прерогативите на Вселенскиот патријарх, ќе биде разгледано и ќе се преземе она што е потребно за враќање на црквата на Скопје во канонски рамки под името Охридска архиепископија“.

Со писмо до Вселенскиот патријарх претходно се обрати Синодот на МПЦ-ОА и владата на Република Македонија околу можноста за признавање на македонската Црква.