Варуфакис: Честитки, го одолживме грчкиот банкрот до 2060 година

Поранешниот министер за финансии на Грција вo владата на Алекси Ципрас, Јанис Варуфакис, денеска иронично ja коментираше донесената одлуката на Еврогрупата за грчкиот долг и негово репрограмирање за десет години, како и новата транша од 15 милијарди евра.

На Твитер, Варуфакис напиша: „Честитки. Го одолживме банкротот до 2060 година и славиме … одржливост на долгот“.

Јанис Варуфакис е грчки економист, академик и политичар, кој беше и министер за финансии во владата на Алксис Ципрас, од јануари до јули 2015 година, кога поднесе оставка незадоволен од спасувачкиот пакет на Еу за Грција.

Синоќа, министрите на Еврогрупата постигнаа договор за големината на последната кредитна транша од 15 милјарди евра за Грција и договорија десетгодишно продолжување на рокот за враќање на грчкиот долг.